Се обидел да ограби пошта, но пиштолот му се распаднал пред шалтерот

Сподели со своите пријатели

Непознато лице се обидело со пластичен пиштол да ограби пошта во Ваљево, но во моментот кога посегнал по оружјето, пиштолот му се распаднал.

Обидот за грабеж на крајот се претворил во комедија наместо во драма, се случило додека момчето со навлечена капа преку глава, стоел во редот со останатите клиенти, но кога дошол на ред на палтерот пред службеничката фрлил пласитчна ќеса и и рекод да му ги предаде парите.

Таа мртв ладна му рекла да биде сериозен, затоа што луѓето зад него чекаат ред. Во тој момент му пришло и обезбедувањето, кое исто така му рекло ад не прави метеж, а тогаш момчето го извадило „пиштолот“.

Работникот од обезбедувањето го фатил за рака и во тој момент, како што се испоставило, пластичниот пиштол се распаднал, а крадецот станал мета на исмејување од страна на останатите кои чекале ред пред шалтерот, а потоа се дал во бегство.

Во полициајта било потврдено дека се трага по неуспешниот крадеџ.