Се нарекувале „Божји деца“ и пропагирале вера, а криеле морничави педофилски активности (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога ќе го слушнете името на организацијата „Божји деца“, вашата прва асоцијација веројатно би била конзервативна насочувачка заедница, која ги промовира вистинските семејни вредности и воспитувањето на децата според строги патријархални правила.

Loading...

Всушност, реалноста е сосема поинаква, а зад овој култ се крие мрачна приказна која уништила животите на многу девојчиња и девојки.

Сектата „Божји деца“ е основана од поранешниот свештеник Дејвид Берг во Хантингтон Бич, Калифорнија во 1968 година и честопати била позната како центар на психолошка и сексуална злоупотреба.

Некои од нејзините поранешни членови се актерката Роуз Мекгован, трагично починатиот актер Ривер Феникс и неговиот познат брат Хоакин Феникс.

Силувањето на децата во сектата на Берг било изговор за „зголемување на племето“, што довело до многу бремености во нивните комуни, а внуката на Берг, Фејт Џонс, го потврдува тоа во својата нова книга.

Таа била принудена на интимна врска од шестата година од животот

Својот живот во сектата го спореди со животот на калуѓерка, но со „многу с*кс“. Озлогласената секта го застапувала „Законот на љубовта“, кој им велел на жените да му покажат љубов на Исус преку дружење со мажи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Слон се прошета низ центарот на градот (ВИДЕО)

„Ми требаше долго време за да сфатам дека да бидеш принуден на с*кс со некого врз основа на тоа што ти кажуваат дека Бог ќе те казни или поради страв од понижување е исто што и силување“, изјави таа за New York Post.

Фејт е родена како седмо дете во Хонг Конг, во полигамно семејство, откако сектата се проширила во Азија.

Loading...

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Faith Jones Author (@iamfaithjones)

 

Таа пораснала со таткото Хозе, мајката Рути и неговата прва сопруга Естер. Не ѝ било дозволено да оди на училиште, туку деновите ги поминувала во молитва и работа.

Кога имала четири години, нејзиниот татко и мајка се преселиле во Макао откако се проширила веста за сектата. Живееле во сиромаштија, без бања и струја, но нивниот татко со текот на времето го претворил имотот во Макао во место за нормален живот.

Фејт открива дека во сектата се*сот се практикувал како служење на Бога, а отфрлањето на истиот значело „да се биде тврд и себичен“ и да се оди против Божјата волја.

„Живеевме во заедница и поминувавме часови во молитва и читање. Единствената разлика е во тоа што повеќето религиозни наредби забрануваат се*с, а ние го практикуваме“, рече Фејт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

Додека другите девојки си играле со барбиките, Фејт дознала за с*ксот. Кога другите деца гледале цртани, таа гледала филмови за возрасни. Нејзините врсници излегувале во градот, а таа седела во четири ѕида со закана дека ако ја напушти сектата, ќе биде казнета.

Loading...

Кога имала шест години, вујко и ѝ покажал како да го задоволи со рацете, а на 10-годишна возраст двајца чичковци ја опсипувале со француски бакнежи.

Набргу потоа, таа се појавила со нејзината мајка Рут во видеото наречено „Азиски ангели, том два“, кое владата го запленила како детска порнографија.

До десет години, сите ја губеле својата невиност

Фејт се сеќава и како жените оделе да се „проституираат“ за Исус. Кога имала 22 години, таа одлучила дека сака да ја напушти сектата и да оди да студира право, што нејзините родители го поддржале и длабоко се извиниле за траумата што ѝ ја создале, иако никогаш сексуално не ја злоупотребиле.

Сектата „Божји деца“ е основана како мала група забегани тинејџери и хипици кои под водство на Берг, харизматичен евангелистички свештеник, се предале на обожавањето на Исус Христос и на промискуитетен секс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СНИМКА КОЈА ГИ РАСПЛАКА СИТЕ: Се омажи во болница за да ја исполни последната желба на татко ѝ

Филозофијата на Берг, која тој ја нарекол „Закон на љубовта“, била мешавина од христијанската догма и идеалите на слободна љубов од времето на сексуалната револуција во 1960-тите.

Со цел да привлече нови членови, тој се залагал жените од сектата да бидат подредени на мажите.

„Законот на љубовта е доктрина која сакаше да ја оправда и сокрие сексуалната експлоатација. Таа ги натера луѓето да мислат дека се должни да ги даваат своите тела на други поради нивните потреби. Тоа беше ставот дека вашето тело не е ваше, туку дека треба да му го оставите на Бога“, изјави за Гардијан Мишел Јанг, најпосветената улична проповедничка.

Близначките Флор и Тамар Едвардс (34) побегнале и од секта во која се родени повеќе од 1.000 деца.

Loading...

Сектата им кажала дека ќе умрат како божји маченици на 12 години, бидејќи членовите верувале дека во 1992 година ќе следи апокалипса.

Берг ги принудил новите членови да ја запаметат Библијата и да живеат како раните христијани.

Во 1994 година, смртта на Берг довела до распаѓање на сектата, а Карен Зерби го презел водството, дозволувајќи им на членовите поголема слобода.