Се најавува блокада на патарината Куманово – Скопје за да не дојдат Бугари

Сподели со своите пријатели

Повик до граѓаните кружи на социјалните мрежи, во кој се повикуваат на 4ти февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје, за кога се очекуваат групи бугарски државјани да дојдат во Скопје на гробот на Гоце Делчев.

Loading...

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

 

 

Од Бугарија деновиве постојано има повици до граѓаните дека со организиран превоз ќе се дојде во Скопје на 4ти февруари на роденденот на Гоце Делчев.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Затворени избирачките места, се чекаат првите резултати

Македонските власти не забранија нивно доаѓање, но денот го оценија како настан од висок безбедносен ризик.

Никола Ивановски

Loading...