Се крева горната граница за подигање пари во Грција

Сподели со своите пријатели

Грција се очекува да пристапи кон постпено олабавување на капиталните ограничувања и да ја крене горната граница за повлекување пари од 1.800 на 2.300 евра месечно.

Уредбата за ова олабавување е подготвена и треба да биде потпишана од министерот за финансии и објавена во Државниот весник. Се очекува тоа да се случи во наредните денови.

Со новиот бран промени секој грчки државјанин, освен да повлекува повеќе пари, ќе може да отвори повеќе сметки во различни банки. Одлуката за капиталните ослободувања треба да биде одобрена од Грчката централна банка и од Европската централна банка.

Со овие промени, Владата има за цел да внесе оптимизам за развој на економијата и да ја врати довербата во банкарскиот систем на земјата.

Властите го преземаа овој чекор откако констатираа значително зголемување на депозитите, што значи дека Грците почнале да ги враќаат своите пари во банките, објави Њуз.ин. /МИА

Leave a Reply