Се крчка летниот хит на Мартинијан

Сподели со своите пријатели

„Златокоса“ ќе биде новиот летен хит на кумановецот Мартинијан Кириловски кој ќе ја издаде песната за неговата матична „Гранд продукција“.

Loading...

Станува збор за песна во брз летен ритам, која несомнено ќе ги освои срцата не само на македонската, туку и на балканската публика со оглед дека ќе биде на српски јазик.

Музиката и аранжманот се на Иле Спасев, а текстот на Даниела и Никола Хаџи Тоневски.

– Искрено се надевам дека песната ќе ги освои срцата на публиката и ќе успее да ги разлади во овие топли летни денови со што ќе остави трага како идличен летен хит, изјави Мартинијан за Кумановски Муабети.

Песната ќе има и видео запис кој изминатиот период Мартинијан го снимаше во Охрид во режија на Даниел Јовески.

Ова е втора песна на Мартинијан кој ќе ја издаде за српската „Гранд продукција“ со која започна соработка по неговото учество во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

Додека ја чекаме „Златокоса“, уживајте во претходната песна на Мартинијан „Пола света“.

 

Loading...

Leave a Reply