Се гласа на 1517 избирачки места во 35 општини

Сподели со своите пријатели

Вториот круг од локалните избори во Македонија се спроведува на 1517 избирачки места во 35 општини, каде право на глас имаат 833.710 граѓани.

Во скопските општини Бутел, Кисела Вода, Гази Баба, Сарај, Шуто Оризари и Чаир, право на глас имаат 260.194 граѓани, кои гласаат на 387 избирачки места.

Во останатите 29 општини во Македонија во вториот круг можат да гласаат 573.616 граѓани на 1130 избирачки места.

Во првиот круг од локалните избори беа избрани градоначалници на Скопје и на 45 општини. 

Извор: МИА

Loading...