Се е подготвено за „Kumanovo Hangout Music Festival“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Се е подготвено за стартот на првата вечер од „Kumanovo Hangout Music Festival“, кој вечерва во 19 часот започнува пред градските базени, каде веќе се одржуваат пробите со Кабадајас и Фирс од Македонија, Висар Кучи од Косово, Васил Хаџиманов Бенд од Србија и Дром од Грција, кои се подготвени на Куманово да му приредат вистински спектакл.

Организатори на настанот се „Институтот за наука, уметност, култура и спорт“ и „The Yard Lounge Bar“.

 

Loading...

 

Заинтересираноста на кумановци е голема, вели Филип Стевановски, уметничкиот директор на фестивалот кој додаде дека сите кои се уште не набавиле билет тоа можат да го сторат и вечерва на билетарата која ќе биде поставена пред влезот.

– Сите оние кои што сакаат ги поканувам повторно да ни дојдат, да бидат дел од „Куманово хенгаут фестивал“,, „Џез фестивал“, да чујат интересна програма. Последните подготовки се веќе при крај, така да апелирам повторно во 19 часот почнуваме веќе е стартот на програмата. Сега за сега не доцниме ни минута, се надевам дека и концертот вечерва ќе оди по ист редослед. И вечерва и утревечер еден спектакл, со тоа што со џез како некомерцијална музика, нема да биде толку спектакл, но сите оние љубители ќе можат да чујат интересни стилови, да бидат во тек што се случува, затоа што имаме интересна програма, од се по нешто, имаме со џез стиловите, кои ги вметнавме во програмата за оваа година и ќе уживаат во сето она што ние го подготвивме како организатори на фестивалот, изјави Стевановски.

 

 

Учесниците на фестивалот за публиката ветуваат пред се добра забава и интересна музика, бендовите ги одржуваат тонските проби за да се мине во најдобар ред.

– Пред се се надеваме дека ќе си поминеме супер. Нашиот концерт започнува во 20:15 часот, свириме до 21:15, ќе свириме теми од нашиот прв и втор албум, така да ги покануваме сите да дојдат вечер и да си поминеме добро. Имаме доволен број на фестивали, но што повеќе фестивали, толку подобро и за домашните и странските изведувачи, велат од „Фирс“ кои први ја завршија својата тонска проба.

Кулминацијата на фестивалот се очекува утревечер, кога ќе настапат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Нокаут, ДНК и гостите од Србија, рок групата Ван Гог, а паралелно утре започнуваат и натпреварите во пливање и кошарка.

Leave a Reply