Се будите уморни? Еве зошто!

Сподели со своите пријатели

Спиете осум часа, а и натаму сте „никакви“? Еве зошто е тоа така.

Со години наназад, слушаме за тоа како осум часа сон се неопходни за оптимално функционирање на организмот. Но, дури и луѓето кои често успеваат толку да спијат се жалат честопати дека не се чуствуваат одморно, дека им недостигна енергија и концентрација.

Виновник е модерната технологија, сметаат експертите, поради која идеалниот број на часови за сон е зголемен.

Светската здравствена организација, американскиот Центар за контрола на болести и Институтот за здравје и натаму официјално препорачуваат осум часа сон, но научниците сметаат дека на тоа би требало да се додадат уште најмалку 30 минути сон. Цврстиот сон, не е само лежење во креветот и одмарање.

Поради користење на „гаџети“ кои се поголем број луѓе ги носат со себе во посеталата, си кратиме време за спиење, но истовремено го преоптеретуваме мозокот со прекумерни информации, наведува др. Даниел Гартенберг од Универзитетот Пенсилванија.

– Една од главните функции на сонот е синаптичка хомеостаза, односно процес на обработка на сите информации кои сме ги примиле во текот на денот и нивното сортирање на важни и неважни. Доколку примаме повеќе информации од било кога, и тој процес ќе трае подолго. Истовремено, поради често користење на технологијата која не бомбардира со вишок информации, потребно ни е повеќе време да потонеме во сонот и по него да се разбудиме, рекол тој за Дејли Мејл.

Постојано користиме мобилни телефони и други уреди, а како што вели експертот, поради нив нашиот мозок секогаш помалку е буден. Рефлексот на „борба и бегство“ исто така не се гаси во целост, па денешните луѓе живеат со константно присутно, скоро незабележливо ниво на анксиозност. Можеби не го приметувате, но тука е и го ремети вашиот сон, додава тој.

Др. Гартенберг подвлекувајќи дека човечките суштества за време на просечен ден примаат и обработуваат 34GB информации, повеќе од било кога, а се уште спијат ист број на часови како и порано, во четириесетите години на минатиот век.

За да навистина се наспиеме, потребно е најмалку 8,5 часа во креветот и пожено е 90 отсто од тоа време да биде навистина минато во сон, а не со главата на перница и телефонот во раце.

Leave a Reply