Се буди вулкан кој може да убие 5 милијарди луѓе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Ако до сега немаше доволно катаклизми за загриженост, неодамна објавената книга донесе уште една застрашувачка можност во центарот на вниманието.

Loading...

Меѓу другите катастрофи, „End times“ на Брајан Волш ја истакнува ерупцијата на супервлуканот „Јелоустоун“ во Америка како настан што може да уништи голем дел од човештвото, пишува Биг Тинк.

Вулканот Јелоустоун во Вајоминг не еруптира премногу често. Последниот пат тоа било пред 640.000 години. Никој не може со сигурност да знае кога повторно ќе експлодира, но со некои мерења веќе може да се случи во кое било време.

Кога тоа ќе се случи, може да се очекува дека ерупцијата ќе исфрли 240 километри кубни камења, прашина и пепел во атмосферата, како што се случило за време на последната голема ерупција.

Би еруптирал толкав поток магма што ќе ја поплави областа во круг од 60 километри. Делови од Колорадо, Вајоминг и Јута би завршиле закопани со еден метар пепел. Целиот простор на Средниот Запад би бил покриен со десетина сантиметри таков пепел.

И, ако мислите дека веќе звучи како ужасна вест, тогаш знајте дека толку многу прашина и токсични гасови како сулфур моноксид би избувнале во атмосферата од таков вулкан, така што целата планета ќе биде обвиткана во густ облак што ќе ја одвлече сончевата светлина.

Ќе има драматично брзо заладување на целата планета и климата низ целиот свет би била радикално студена најмалку неколку години.

Земјоделството ќе биде уништено, електричните мрежи ќе се распаднат. Без сончева светлина, без топлина и без храна, ќе се појави сеопшт помор на животот на Земјата, вклучително и луѓето.

Loading...

Како што наведува Брајан Волш во својата книга, извештајот за 2015 година на Европската заедница за екстремни геолошки опасности го нарече таквото потенцијално сценарио „најголемата катастрофа од почетокот на цивилизираниот живот на Земјата“.

Д-р Јержи Заба, геолог на Универзитетот Шлеска во Катовице, бил уште поконкретем. Тој во едно интервју рекол дека проценил дека околу 5 милијарди луѓе ќе изгладнат до смрт „поради ефектите од климатските промени“.

Ако Јелоустоун експлодира, вели тој, единствениот начин да имате барем шанси за преживување е да избегате од Северна Америка.

Брајан Волш ова сценарио го нарекува, без претерување, „егзистенцијален ризик“ и за САД и за светот. Волш пишува дека „експертите за проценка на ризик од преживување на човештвото во голема мерка се согласуваат дека супервулканите кои ги има 20 низ светот – се природна закана што претставува најголема закана за исчезнување на човештвото“.

И кога би можело да се случи таква ерупција на супер вулканот Јелоустоун?

Околу 3000 ситни потреси се регистрирани во Националниот парк Јелоустоун, но катастрофалните експлозии се ретки.

Покрај таканаречената „ерупција Лав Крик“ пред 640.000 години, вулканот експлодирал пред 1,3 милиони и 2,1 милиони години со полна сила, што значи дека може да се очекува да изминат меѓу 660.000 и 800.000 години.

Сè е сè уште прашање на математика. Ако последната голема ерупција била пред 640.000 години… Волш затоа смета дека треба да се потрошат повеќе пари за изучување на вулканите.

Loading...

Во моментов, администрацијата за безбедност во воздухопловството на САД троши околу 7 милијарди долари годишно, додека програмите кои ги вклучуваат вулканите кои имаат потенцијал да го уништат скоро целиот свет, добиваат неверојатни 22 милиони долари.

Leave a Reply