СДСМ со централен митинг утре во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

На прес конференција кандидатот за пратеник во втората изборна единица од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, го најави централниот митинг на СДСМ и коалицијата кој утревечер ќе се одржи на градскиот плоштад.

15 денови како отпочна камапањата за предвремените парламентарни избори на кои СДСМ со планот за живот заедно со граѓаните ќе победи на овие избори. Ја користам оваа прилика во име на претседателот Зоран Заев и во име на сите слободоумни граѓани да ве повикам утре на граѓанскиот митинг кој ќе се одржи на плоштадот во Куманово со почеток во 19 часот и 30 минуит заедно да влеземе во историјата на нашиот народ и држава и да почнеме заедно да ја пишуваме современата македонска историја за подобар живот со планот за живот во Македонија – рече Димитриевски.

Вчеравечер, СДСМ и коалицијата одржаа централен митинг во Скопје, на кој присуствуваа поддржувачи од целата држава, меѓу кои и голем дел од Куманово.