СДСМ: Просечната плата во јуни поголема за 4,1 отсто и изнесува 25.205 денари

Сподели со своите пријатели

Продолжува трендот на раст на платите што е  уште една потврда  дека економијата е стабилна  и поставена на здрави основи, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утринава.

Loading...

Според офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во јуни 2019 година, како што стои во соопштението на СДСМ, изнесува 25.205 денари што за 4.1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

– Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1002 денари за период од една година. Трендот  на раст на платите  продолжува  и понатаму . Се отвори спиралата на раст на платите, откако претходно имавме раст на минималната плата од 9 000 на 12.500 , но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година. Истовремено,  преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите  имаме и  во приватниот сектор, стои во соопштението на СДСМ.

СДСМ, како што се додава, преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи, останува посветено да работи  на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните.

Leave a Reply