СДСМ прогласи победа во повеќе од 40 општини

Сподели со своите пријатели

СДСМ вечерва прогласи победа во повеќе од 40 општини.

Шефот на Изборниот штаб на СДСМ Миле Зечевиќ на прес-конференција рече дека со оваа победа СДСМ и коалицијата „Живот за Македонија“ ќе ги заокружат промените во државата.

– Овој ден е празник за демократијата и пример за мирно и слободно изразување на секој глас на граѓаните. Вака изгледа Македонија кога се гласа слободно и демократски, без пристисоци, рече Зечевиќ.

Изрази благодарност до граѓаните, политичките партии кои учествуваа во изборниот процес, како и до сите институции кои овозможија да се одржат фер и слободни избори.

Зечевиќ ги повика граѓаните пред Владата да ја прослават победата каде ќе се очекува да се обрати претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов обраќајќи се на вечерашната прес-конференција рече дека од вечерва Скопје и останатите општини им го враќаат на граѓаните.

– Ѓраѓаните од Скопје и од Македонија ни дадоа до знаење дека е доста од досегашното владење на ВМРО-ДПМНЕ и иако може да се надеваме на победа во првиот круг во Скопје, сепак, резултати сеуште не се јасни до крај, но сепак ова е голема победа за Скопје, рече Шилегов.

Извор: МИА

Loading...