СДСМ положи свежо цвеќе по повод Денот на АРМ

Сподели со своите пријатели

Утре е роденденот на Армијата на Република Македонија. По тој повод многу политички структури и граѓани овие денови се дел од агендата за одбележување на овој голем ден за македонската одбрана.

Loading...

Денеска на гробиштата во Бутел свежо цвеќе положи делегација на СДСМ предводена од Максим Димитриевски член на ИО и претседател на Комисијата за одбрана, Татијана Прентовиќ-членка на Извршниот одбор и Драган Тевдовски-член на ИО на СДСМ.

sdsm2

Почит беше одадена на двајцата починати претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, генералот Михаило Апостолски, а свежо цвеќе беше положено и на Партизанските гробишта.