СДСМ покренува процес за разрешување на Ѓорге Иванов (видео)

Сподели со своите пријатели

Пратеничката група на СДСМ заедно со коалициските партнери денеска најави покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов поради, како што велат, нелегитимното извршување на својата функција и побараа свикување на Собранието.

Со својата вчерашна одлука, како што рече тој, за општа амнестија на политичарите, Ѓорге Иванов стана заштитник на криминалците, го погази уставот, законите и достоинството на граѓаните што е државен удар. Дополнително му зададе смртоносен удар на договорот од Пржино. Затоа бараме Собранието на Република Македонија да биде свикано за покренување на постапка за утврдување на одговорност на Ѓорѓи Иванов.

Воедно ги повикаа сите парламентарни партии да ја поддржат нивната иницијатива и да преземат чекор за враќање на уставниот поред на Македонија.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека не се согласува со одлуката на Ѓорге Иванов. Ако е така ги повикуваме пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да дојдат во Собранието и да го потпишат предлогот. Само така ќе докажат дека се искрени во изјавите во спротивно ќе потврдат дека станува збор за договор меѓу нив и Иванов. Иванов со неговото неуставно постапување врши дискриминација и создава поделба меѓу граѓаните, на политичари недопирливи кои сака да ги ослободи од одговорноста за тешки кривични дела и останати граѓани, обични смртници кои подлежат на казни и за минорни кривични дела – Вели Горан Сугаревски, пратеник од СДСМ.

Според нив со ова Иванов е директен учесник во злосторничкото здружение против Република Македонија.