СДСМ отвори јавен повик за самокандидирање за градоначалници

Сподели со своите пријатели

Започна внатрепартиската постапка за номинирање на кандидати за градоначалници и советници во општините и Градот Скопје од редовите на СДСМ.

Loading...

Целта, како што рече денеска на прес конференција организациониот секретар на партијата Мартин Попов, е да се изберат најдобрите кандидати за секоја општина.

– Од денеска е отворен и јавен повик за самокандидарање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори. Повикот со сите детали е достапен на веб страната на СДСМ уште од денеска а од утре излегува и оглас во печатените медиуми на македонски и албански јазик. Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто, рече Попов.

Кандидатите треба да бидат со висок углед и кредибилитет во локалната заедница и регионот на живеење, кои имаат поддршка од сите етнички заедници, кои ги почитуваат принципите и вредностите едно општество за сите граѓани и во целост ги почитуваат начелата и принципите на кои се темели СДСМ.

– Дел од новитетите е што од секој кандидат бараме да достави и Детална програма со предлог идеи и проекти за развој на општината или град  Скопје за периодот 2021-2025 година, и изјава за прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на СДСМ. Во СДСМ како демократска, отворена, инклузивна партија има натпревар на идеи и програми. Низ транспарентен, демократски процес заедно да дојдеме до најдобрите кандидати, најдоброто за секоја општина, изјави Попов.

Откако ќе се достават понудите, ќе следува евалуација, а и истражувања на јавното мислење за да се провери рејтингот на кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, дообјаснува секретарот.

Никола Ивановски

Leave a Reply