СДСМ Куманово: Ќе обезбедиме минимална плата од 300, а просечна од 600 евра

Сподели со своите пријатели

Минимална плата за сите граѓани од 300 евра, а максимална од шестотини, ова е предвидено со новата програма на Социјалдемократскиот сојуз со која ќе настапат на изборите на 12ти април, а денеска од Општинската организација од Куманово ја презентираше Катерина Пешиќ Бошковска.

Loading...

Таа ги претстави и четворицата кумановци кои се во втората изборна единица, техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот на Општинската организација Мартин Костовски, досегашниот пратеник Лидија Тасевска и претставник од младите од СДММ Драгана Коцевска.

Изборната програма на СДСМ како што вели се темели на пет столба, 100.000 нови работни места и поголем раст на сите плати, грижа за сите граѓани, ред, дисциплина и правда, сите за еко држава, влеговме во НАТО, а можеме и во ЕУ.

– Со мерките и поликитите во изборната програма градиме економска, силна и стабилна земја, праведна, правична и правна држава, членка на НАТО, земја која успешно преговара со Европската унија, зелена еколошка, дигитализирана, иновативна држава која има што да им понуди на своите млади, развиваме држава за достоен живот, со пристојна живеачка за сите. Градиме систем во кој трудот на работниците се вреднува и плаќа, плата од која останува за живот. Сакаме држава во која младите остануваат и напредуваат, ако можевме за две и пол години да ја извадиме земјата од финансиски колапс и да обезбедиме највисок раст на платите досега, сигурни сме дека во следниот еприод можеме уште повеќе и уште подобро. Нема да престанеме со заложбите за раст на платите во сите сектори, за сите граѓани минимална плата од 300 евра и просечна плата од 600 евра до крајот на мандатот, тоа е нашата понуда за граѓаните, рече портпаролот на ОО СДСМ Куманово, Пешиќ Бошковска.

Како што додате, во сите изборни единици носители на листите се маж и жена кои со 120 кандидати за пратеници ќе работат двојно повеќе за да биде уште подобро.

СДСМ, додава постави нови стандарди во политичкото делување.

Пешиќ Бошковска е убедена во изборна победа на 12ти април на коалицијата предводена од СДСМ.

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply