СДСМ: Идентитетот е обезбеден, мнозинството граѓани се одлучни и гласаат ЗА иднина во европска Македонија

Сподели со своите пријатели
Интегрален текст од Социјалдемократски сојуз на Македонија

Христијан Мицкоски покажува дека има проблем со подобра иднина и со перспективите што се отвораат пред граѓаните на Македонија. Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сакаат Македонија да успее и затоа секојдневно шират се поголеми лаги.

Македонско грчкиот Договор  го гарантира и зајакнува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност и никој веќе нема да може да ги негира или оспорува. Македонскиот идентитет станува признаен од целиот свет, вклучително и од Грција.

Залудни се и бесмислените обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ за наводни историски фалсификати. Уставните промени ќе се реализираат по референдумот во духот на македонско-грчкиот договор и го гарантираат македонскиот идентитет.

Децидно се повикуваме на конститутивните документи на АСНОМ, преку што се потврдува и зацврстува историскиот континуитет на македонската државност.

Мицкоски може да биде уште порадикален, може да измислуваат се поголеми лаги, но за среќа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се тие кои одлучуваат.

Одлучуваат граѓаните чие мнозинство е силно определено за иднина во ЕУ и НАТО. Одлучуваат граѓаните кои ќе излезат и ќе гласаат на 30 септември. Одлуката ја носи огромното мнозинство кое ќе каже ЗА европска Македонија.

Leave a Reply