СДСМ и Заев имаат најголема доверба кај граѓаните, покажа анкетата на Брима

Сподели со своите пријатели

Според најновите истражувања на јавното мислење изработени од агенцијата Брима, СДСМ и лидерот на партијата Зоран Заев имаат најголем рејтинг кај граѓаните во пресрет на локалните избори.

Loading...

Како што информираат утринава од прес центарот на партијата, повикувајќи се на истражувањето на Брима, на прашањето „Доколку денеска се одржат парламентарни избори, за која политичка партија ќе гласате“ 18,9 отсто од испитаниците одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 16,3 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, понатаму следуваат ДУИ, Алијанса за Албанците, Левица, БЕСА и ДПА.

 

 

– Ако се земе предвид и рејтингот на Движење БЕСА која е дел од коалицијата „Можеме“ со која настапивме на парламентарните избори, тогаш рејтингот на оваа коалиција е уште повисок и изнесува 22,8 отсто. Со ова се потврдува високата доверба на граѓаните кон концептите и политиките на СДСМ, се потврдува дека СДСМ останува силен, изразит фаворит на претстојните избори, велат од партијата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев има највисок рејтинг кај граѓаните.

На прашањето „Во кој политичар имате најголема доверба?“ 12,6 осто изјавиле дека тоа е Зоран Заев, додека за Христијан Мицкоски се изјасниле шест отсто од испитаниците.

Loading...

 

 

– Тоа е потврда дека граѓаните знаат дека со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев се можни напредокот, развојот и интеграцијата.  Тоа е потврда дека граѓаните не му веруваат на Мицкоски кој освен деструкција, блокади и лажни вести не може да понуди ништо друго, стои во соопштението на СДСМ.

Довербата на граѓаните кон Заев е во пораст, велат од партијата, повикувајќи се на анкетата, и тоа од 3,1 процентен поен споредбено со анкета направена во ист период минатата година.

На прашањето „Што е подобро за нашата земја, да стане или да не стане членка на ЕУ?“ 76,3 отсто од испитаниците одговориле дека е подобро да станеме членка на ЕУ, додека само 19,8 отсто одговориле дека е подобро да не станеме членка на ЕУ.

 

Loading...

 

Анкетата на „Брима“ е правена во периодот од 28 мај до 16 јуни, на терен, во домовите на испитаниците, преку ТАПИ методот, при што се опфатени 1.194 испитаници. Маргината на грешка е плус минус 2,8 отсто.

Откако беше понудена, СДСМ ја откупи оваа анкета и со тоа стекна право истата ја користи и објавува, велат од партијата.

 

Никола Ивановски

Leave a Reply