СДСМ: Груевски при крај на мандатот се задолжи за нови 64 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Никола Груевски денеска повторно ги задолжи граѓаните за нови 64 милиони евра, обвинува СДСМ во партиското соопштение испратено до медиумите.

Loading...

Речиси и да нема ден Никола Груевски дополнително да не ги задолжи граѓаните со нови кредити што ќе ги враќаат идните генерации. Ново задолжување со обврзница од 500 милиони евра, нов кредит од Ерсте и Дојче банка со околу 90 милиони евра, нов кредит од ЕБОР, ново задолжување кај домашните банки… Никола Груевски во изминатите години потроши 630 милиони евра за споменици. Наместо да ги задолжува граѓаните, Груевски можеше дел од овие 630 милиони евра да ги пренамени за изградба на патишта. Но, за Никола Груевски најважни беа бизнис-фасадните интереси на фамилијата. Затоа Никола Груевски 10 години не инвестираше во патната инфраструктура во земјава и не направи ниту еден нов автопат.

Сега, 2 месеци на крајот од мандатот, Груевски предизборно се сети дека треба да се инвестира во патна инфраструктура, се вели во партиското соопштение на СДСМ.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.