Саудиска Арабија: Снабдувањето со нафта вратено на истото ниво

Сподели со своите пријатели

Саудискиот министер за енергија, принцот Абдулазиз бин Салман, изјави дека снабдувањето со нафта се вратило на нивото што го имало пред нападите во саботата на нафтените комплекси на Арамоко.

Loading...

Зборувајќи пред новинарите, Бин Салман рече дека Арамко ќе ја задоволи целата своја понуда со повлекување на стратешки акции веќе овој месец, јавува Анадолија.

Тој додаде дека производството на нафта на Саудиска Арабија ќе достигне 11 милиони барели на ден до крајот на септември и ќе продолжи да расте до 12 милиони до крајот на ноември.

Два нафтени комплекси на саудиската Арамоко во саботата беа цел на напад на беспилотно летало.

Вчера, јеменското бунтовничко движење на Хусите ја презеде одговорноста за нападот и се закани со евентуални нови напади.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран дека директно стои зад нападите.

Leave a Reply