Сателитски снимки од масовна гробница кај Мариупол: „Тука може да има 9.000 цивили“

Сподели со своите пријатели

Компанијата Maxar Technologies објави сателитски снимки на кои наведува дека покажуваат голема масовна гробница во близина на опколениот украински град Мариупол.

Loading...

Американската компанија соопшти дека повеќе од 200 нови гробници се појавиле на местото во последните недели, додека руските трупи продолжуваат да го бомбардираат регионот. Во горниот дел на сликата се гледаат ископувањата за кои станува збор.

 

Градоначалникот бара целосна евакуација на Мариупол

 

Maxar вели дека прегледот на сликите од средината на март до средината на април покажува дека проширувањето започнало помеѓу 23 и 26 март.

Местото на ископување е во близина на гробиштата во селото Манхуш, 20 километри западно од Мариупол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Словачка започна кампања за собирање пари за купување оружје за Украина

 

Loading...

 

„Тука може да има тела до 9.000 цивили“

Во изјава на Телеграм, градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека во масовната гробница може да се најдат тела на до 9.000 цивили.

„Најголемото воено злосторство на 21 век беше извршено во Мариупол. Ова е новиот Бабин Јар“, рече Бојченко, мислејќи на локацијата каде нацистите постојано ги убиваа украинските Евреи во 1941 година.

 

Колкав е моменталниот износ на штетите од војната во Украина?

 

Loading...

„Потоа Хитлер уби Евреи, Роми и Словени. Сега Путин ги уништува Украинците. Тој веќе убил десетици илјади цивили во Мариупол“, рече Бојченко.

„Ова бара силна реакција од целиот свет. Мораме да го запреме геноцидот со сите достапни средства“, рече Бојченко.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

Во посебна изјава претходно вчера, градоначалникот рече дека Русите копале огромни ровови во близина на селото Мануш и „се обидуваат да ги сокријат воените злосторства“ со фрлање тела во ровови.

 

 

Русите вчера објавија дека го контролираат Мариупол

Русите вчера објавија дека го контролираат Мариупол, со исклучок на комплексот на фабриката за челик Азовстал.

Loading...

Утрово рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и наредил на руската армија да ги откаже плановите за напад на Азовстал, каде што се сместени преостанатите украински војници во Мариупол.

Наместо да нападне, Путин наредил челичарницата да се блокира на тој начин што „ни мува не може да излезе“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Москва порача: Ако Западот го конфискува рускиот имот, ние нема да ги поштедиме