Сашо Стошевски нов член на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Сашо Стошевски од денеска е нов член на Советот на Општина Куманово.

Loading...

На денешната 21. седница на Советот ја презеде функцијата, откако претходно од истата беше разрешен советникот Срѓан Рашити од Сојузот на Ромите.

Стошевски доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ со што партијата добива советник повеќе, откако претходно Рашити ја напушти Коалицијата за подобра Македонија и премина со советниците на СДСМ.

Рашити поради отсуство од три последователни седници поради негово заминување во странство, на минатата седница беше разрешен од функцијата.

Стошевски денеска ја потпиша и свечената изјава, а едногласно неговото именување го изгласаа останатите членови на Советот.

Leave a Reply