Сана Марин: Вознемирена сум, тоа не требаше да излезе во јавност

Сподели со своите пријатели

Финската премиерка Сана Марин во четвртокот изјави дека е вознемирена што видеата на кои таа танцува и пее на приватна забава биле објавени на интернет бидејќи биле наменети само за пријатели.

Loading...

36-годишната Марин го изјави ова откако двеминутното видео на кое таа пее и танцува со познати локални инфлуенсери и уметници стана вирално на социјалните мрежи и финските медиуми во средата.

Клиповите првично биле објавени на приватен профил на Инстаграм.

Марин, која стана најмладиот шеф на владата во светот во декември 2019 година, рече дека знаела дека ја снимаат, но не мислела дека видеата ќе станат јавно достапни.

„Тие видеа се приватни и снимени на приватен простор. Жалам што стигнаа до јавноста“, им рече Марин на новинарите.

 

Финска има „најкул“ премиерка (ВИДЕО)

 

Loading...

Таа додаде дека не знае кој ги препратил.

Многу Финци изразија поддршка за младата премиерка поради начинот на кој таа го комбинира приватниот живот со кариерата од висок профил.

Но, весникот Хелсингин Саномат пишува дека епизодата покренала прашања за нејзиното расудување.

„Марин можеби постапила со добра волја, но таа не треба да биде толку лековерна“, напиша весникот во својот едиторијал.

„Премиерот може, во чувствителна ситуација, да го стави оружјето на информативната војна во рацете на оние кои би сакале да и наштетат на Финска“, пишува весникот.

Марин рече дека видеото е компилација од клипови од две различни прилики пред неколку недели.

Таа рече дека луѓето конзумирале алкохол на забавите, но дека никој не се дрогирал, колку што знаела.

„Само се забавувавме, исто така на див начин. Танцував и пеев“, рече Марин, негирајќи ги тврдењата дека видеата се рекламен трик на помалку од една година до следните општи избори.

Loading...

Марин за Ројтерс во јануари изјави дека таа и нејзините помлади министри биле мета на чест говор на омраза поради нивниот пол и изглед додека биле на функција.