Самуел Жбогар нов почесен граѓанин на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Амбасадорот на Европската унија во Република Македонија, Самуел Жбогар и официјално стана почесен граѓанин на Општина Куманово, откако таква одлука денеска беше донесена на 17. седница на Советот.

Предлогот пристигнал на иницијатива на градоначалникот Максим Димитриевски, бидејќи со средства од Европската унија, а со поддршка на амбасадорот Жбогар беше извршена рехабилитација и изградба на канализациона мрежа во Куманово. Меѓу останатото во иницијативата стои дека евроамбасадорот дал придонес и во подобрување на условите во образованието со реконструкција на неколку училишта.

– Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување награди и признанија во петок на својата седница ја разгледа иницијативата на градоначалникот на Општина Куманово, евроамбасадорот Самуел Жбогар да биде прогласен за почесен граѓанин на Куманово. Комисијата едногласно го усвои предлогот на градоначалникот и му предлагаме на советот истиот да го усвои, рече Сашо Милковски, претседател на Комисијата.

 

Loading...

 

Со 23 гласа „за“, ниту еден „против“ и тројца „воздржани“ Самуел Жбогар беше прогласен за почесен граѓанин на Општина Куманово, а признанието ќе му биде врачено на свечената седница која по повод Денот на ослободување на градот ќе се оржи в недела.

Почесни граѓани на Куманово се и постојаната претставничка на УНДП и амбасадор на Обединетите нации Луиза Винтон, како и поранешниот американски амбасадор Лоренс Батлер, кој имаше голема улога за воспоставување мир во конфликтот во 2001 година.

Leave a Reply