Самсунг со оригинална идеја за спасување живот на патишта (видео)

Сподели со своите пријатели

Водејќи се од фактот дека во Аргентина на секој час, на патиштата кои во 90 насто се едносмерни гине по едно лице, компанијата Самсунг смислила оригинална идеја за тоа како да ја намали високата стапка на загинати лица, и тоа со поставување wi -fi камери на своите камиони.

Loading...

Во обид да се претекне камион на Самсунг, возачот зад камионот може да види на камерата дали од спротивната страна доаѓа возило и сам да ја процени опасноста од претекнување.

Камерите функционираат и во ноќните часови, со помош на специјално дизајнирани оптички светла.

Тоа што го смисли Самсунг е можеби иднината и решение за намалување на ризикот при претекнување на долгите транспортни возила.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.