Samsung прави паметна маица за детектирање болести

Сподели со своите пријатели

Samsung развива нова паметна маица со вградени сензори кои можат да дијагностифицираат болести преку паметните телефони. Технологијата користи сензори кои можат да направен опсежни очитувања на функцијата на белите дробови детектирајќи звуци од органите и пружајќи дијагнози и совети.

Loading...

Корејскиот гигант тврди дека респираторните болести можат да се дијагностифицираат, и дека можат да се мерат со зачестеност и сила на здивот.

Исто така може да се изведат низа различни дијагнози вклучително и воспаление на белите дробови и бронхитис, но и да се препознаат хронични болести, како што се астма и хронична опструктивна болест на белите дробови.

Според одобрениот патент кој компанијата предхотно го поднела до Светската здравствена организација за интелектуална сопственост, технологијата ја зема предвид медицинската историја заедно со индексот на телесна маса.

За да добиете исрпавна дијагноза, предвид се земаат и староста, полот, тежината и висината на корисникот, како и нивната медицинска историја. Сензорите се поврзуваат со паметниот телефон, така да корисникот може да ја прочита дијагнозата, како што се симптоми на воспаление или респираторни инфекции, на својот екран. Врз основа на резултатите, се даваат совети кои се разликуваат од превентивни до итни.

Компанијата минатата година веќе претстави паметно одело и паметно одело за лизгање со кое холандските спортисти можеа да тренираат за Зимските олимписки игри во 2018 година. Минатиот месец излегоа паметни обувки, што на спортистите им даваат повратни информации во реално време за тоа како минал тренингот.

Сензорите исто така можат да се интергираат во други видови облека. Не е познато кога ќе излезат на пазарот за поширока јавност, иако компанијата вели дека можностите се „бескрајни“.

– замислете на пример професионален фудбалер кој се наоѓа на спортски терен, каде функцијата на белите дробови може да се следи во реално време или болно бебе или дете, ова технолошко решение може да понуди одговор. Ако можеле лесно да забележите детално скенирање дома, тоа секако е голема победа. Очигледно е дека паметната маица мора да биде со соодветна големина за оваа група корисници, вели портпаролот на компанијата.

Loading...

Leave a Reply