Самохрана мајка сама изградила дом од 18,5 квадрати кој изгледа прекрасно (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мишел Бојл, самохрана мајка од Орегон, до неодамна изнајмувала куќа за 1.173 евра.

Loading...

Поради високата кирија и ниската плата, Мишел немала шанси да заштеди. Се што заработувала, работејќи во кафуле, го давала на кирија и храна.

Едвај врзувала крај со крај, се до моментот кога нејзините деца станале независни. Тогаш Мишел одлучила да ги преземе работите во свои раце. Таа одлучила да изгради мала куќа за себе.

Таа започнала да учи туторијали во кои луѓето зборуваат за тоа како градат мали куќи. Успеала да издвои многу малку пари за куќата во која се преселила од големата куќа што ја изнајмувала.

Мишел трошела 1.173 евра месечно за изнајмување куќа во која имала три спални соби, кујна, бања, ходник и гаража. Сега живее во куќа од 18,5 квадратни метри.

За изнајмување мало парче земја на кое стои куќата, Мишел плаќа само 58 евра, а во оваа сума е вклучена и струја, вода и интернет конекцијаата.

– Не само што сама ја изградив куќата, туку и ја дизајнирав – вели Мишел.

Целиот мебел во куќата е од 40-тите или 50-тите години на минатиот век.

Loading...

Оваа храбра жена собирала мебел веќе две години, имајќи предвид дека еден ден ќе има своја куќа.