Само во Јапонија: Се извинуваме што возот тргна порано

Сподели со своите пријатели

Јапонската железничка компанија им се извини на патницит еоткако еден нивен воз тргнал 20 секунди пред предвидениот возен ред, пренесува ВВС.

Менаџментот, одговорен за линијата Цукуба Ексрес помеѓу Токио и градот Цукуба искрено се извинил поради „непријатностите кои ги предизвикале“.

ЈАПОНСКА ПРЕЦИЗНОСТ: Возот доаѓа, но обратете внимание што се случува со шините! (видео)

Loading...

Во службеното соопштениет, компанијата наведува дека возот требал да тргне во 09:44:40, но наместо тоа тргнал во 09:44:20 часот. До грешката дошло затоа што персоналот не го проверил возниот ред, стои во соопштението.

Компанијата наведува ека поради оваа непријатност немало жалби од патниците. На таа линија возот треба за 45 минути од Токио да пристигне во Цукуба.

Таа имаше средба „очи во очи“ со возот (видео)

Јапонија се гордее со мрежата брзи железници Шикансен, со која во 1964 година до денеска пропатувале над 11 милијарди патници, а не е забележан ниту еден смртен случај поради судир или излетување на возовите од шините.

Каснењето на возовите, брзите или регуларни линии, толку се ретки што секој пат кога ќе се случат тоа е вест.