Само со еден час неделни физички вежби заборавете на депресијата

Сподели со своите пријатели

Поразувачката сила на депресијата е позната на речиси секој од нас, но има светлина во тунелот – излегува дека еден час спортски вежби неделно е доволно значително да се намали веројатноста дека ќе не соборат депресивни состојби и да ни помогнат да се ослободиме што побрзо од нив, без оглед на полот и возраста, објави американскиот весник за психијатрија.

Ние знаеме дека спортувањето игра улога во борбата против депресијата, но сега за прв пат успеавме да оцениме колку точно му помага на човек да се ослободи од развојот на депресивно расположение, вели Самуел Харви од Универзитетот на Нов Јужен Велс во Сиднеј (Австралија).

Харви и неговите колеги ги анализирале резултатите од големото набљудување на здравјето на 30 илјади возрасни Норвежани во една од провинциите во средината на 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

 

Loading...

 

Скандинавците се согласиле медицинските лица не само да го следат нивното здравје, туку и нивното расположение и самодоверба. Научниците од Австралија ги забележиле следниве законитости: луѓе кои никогаш не се занимавале со физички вежби, страдале 44 проценти повеќе од депресии во споредба со оние кои се вежбаат дури и по еден час неделно.

Засега не е јасно со што е поврзано тоа, но претпоставуваме дека при спортувањето има не само биолошки, но и социјални предности – додава Харви. – Во секој случај, таквата врска сугерира дека спортските вежби треба да се применуваат во програмите за анти-депресија. Дури и ако успееме малку да го подигнеме нивото на физичката активност, ефектот ќе биде огромен 

Leave a Reply