Само 35% од кумановските сообраќајници имаат атмосферска канализација (видео)

Сподели со своите пријатели

Околу 65% од јавните сообраќајници во Општина Куманово немаат атмосферска канализација, а онаа која е псотавена на булеварот „Октомвриска револуција“ често и при помали дождови се излева.

Според градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски тоа се должи пред се на проблемот со запушување на атмосферските канали поради несовесноста на граѓаните кои фрлаат шут, но и поради тоа што каналот е поставен на доста плитка површина.

На понизок водостој на реката Кумановска некогаш кога имаме запушување, сега многу често ги сервисираме, еве во најавата на големите дождови ние направивме сервис на Октомвриска, на Никола Тесла, тука се најтрусните подрачја, бидејќи тоа се најниските подрачја во градот и многу често целиот слив од градот иде во тие точки. Меѓутоа мора да констатирам дека Куманово со атмосферска канализација не е покриено целосно, мислам дека повеќе од 65% од површината на јавната сообраќајница нема атмосферска канализација, 35-40% е атмосферска канализција која е покриена и тоа го дренира главниот дел – рече Дамјановски.

Меѓутоа тој ситакна дека во иднина општината ќе вложува во насока на поставување нова атмосферска канализација во градот како висок приоритет од развојната програма.

Нашите идни развојни проекти на Општина Куманово се во насока на проекти за атмосферска канализација која најверојатно ќе биде со поддршка од ИПА фондовите и инвестицкиски развојни програми – истакна Дамјановски.

Моменталната реконструкција на постоечката канализациска мрежа, според градоначалникот не може да се поврзе со поставување на атмосферска канализација, бидејќи станува збор за два сосема различни проекти, но дека општината прави напори за подобрување на состојбата.