Само 234 бегалци транзитираа низ Македонија во текот на вчерашниот ден

Сподели со своите пријатели

Полицијата на ПТЦ Гевгелија во текот на изминатите 24 часа, издаде само 234 потврди на странски државјани, информира МВР во дневниот извештај.

Според државјанството, потврди се издадени на 82 државјани на Сирија, потоа на 56 државјани на Авганистан и на 96 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 16.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

 

Loading...