Салиу: Како единствен Албанец во кампањата се надевам дека ќе ги оставиме настрана сите недоразбирања и предрасуди

Сподели со своите пријатели

„Како единствен Албанец во оваа кампања се надевам дека ќе ги оставиме настрана сите недоразбирања и предрасуди“, рече денеска кандидатот за градоначалник на Општина Куманово од коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Салиу, откако заедно со останатите противкандидати стави потпис на Кодексот за фер и демократски избори.

Loading...

Како што рече Салиу, се надева дека со оваа потпишува на кодексот веќе започнува една позитивна кампања.

– Ќе се обидеме во целост да бидеме кумановци во вистинскиот смисол на зборот. Куманово е синоним за соживот и меѓусебна поддршка на луѓето, така да јас како единствен Албанец во оваа кампања се надевам дека ќе ги оставиме настрана сите недоразбирања и предрасуди и ќе се обидеме Куманово да го презентираме како град кој сака развиток економски и како концепт ќе ни биде да имаме еден современ и модерен град, изјави тој.

 

 

И Салиу рече дека ќе ја прифати иницијативата на Димитриевски, во понеделник сите кандидати за градоначалник да имаат заедничка кафе средба со што официјално ќе ја започнат кампањата за годинешните локални избори.

Никола Ивановски

Loading...