Сакате хорор филмови? Еве што за вас велат експертите!

Сподели со своите пријатели

Експертите тврдат дека гледањето хорор филмови не е нужно лошо, иако тие се многу напнати и предизвикуваат страв додека гледате, не се лачи хормонот на стресот туку среќата – допаминот.

Loading...

Исто така, постои инстинкт за преживување, но телото знае како да го исклучи бидејќи сфаќа дека тоа не е вистинската ситуација.

Откриле и дека љубовта или презирот кон овој жанр филмови открива многу за некоја личност. Некои бараат возбуда, некои се плашат, а кај некои се буди желбата за секс.

 

 

Социологот Марги Кер тврди дека поединците кои уживаат во гледањето хорор филмови го избираат тој жанр затоа што нивното тело бара возбуда.

Срцето им чука брзо, можат да почнат да се потат, чувствуваат напнатост. Исто така, постои потреба да се зголеми количината на енергија во телото, па затоа некои се чувствуваат живи исто како по некоја физичка активност.

Loading...

Во хорор филмовите, од друга страна, не уживаат луѓе кои доживеале некоја траума затоа што имаат „пократок фитил“ и самата помисла или гледање на негативна сцена им ги враќа чувствата на непријатност и страв што ги доживеале во реална ситуација.

 

 

Истата сцена од хорор филм една личност може да ја сфати како многу страшна, а друга како досадна или дури и смешна, пишува Mind Body Green.

Интересен е фактот што страшните филмови поттикнуваат дури и сексуална возбуда кај некои луѓе.

Невролошките кола кои нè тераат да трепериме и да се потиме од страв се преклопуваат со невролошките и телесни кола кои се активираат кога трепериме и се потиме од сексуална возбуда.

Затоа паровите често избираат хорор филмови за да ги гледаат заедно.

Loading...