Сакате бујна и здрава коса? Заборавете на овие четири мита!

Сподели со своите пријатели

Здравиот изглед на косата не е едноставно да се постигне, па тоа е нешто за што голем дел од жените вложуваат многу време и пари. Ниту една од вас не е рамнодушна на бујна, блескава и здрава коса, а бидејќи таа е симбол на женственост, сон е на секоја од вас.

Loading...

Сепак, неретки се бројни митови, застапени во светот на убавината, првата пречка на патот кон беспрекорна коса. Крајно време е да заборавите на следните заблуди.

Најзастапени митови за негата на косата се:

Честото шишање потикнува побрз раст

Ова сигурно е совет, кој ви го има дадено скоро секоја ваша другарка, но сепак, тоа е само мит.косата расте максимално 2цм месечно, без оглед колку често се шишате. Шишањето и остранувањето на оштетените краеви, прави косата да изгледа поздраво и погусто, но ако сакате да расте побрзо, наместо шишање, фокусирајте се на препаратите, кои богато ќе го хранат влакното и ќе потикнат побрз раст на косата.

Студената вода влијае на сјајот на косата

Ова е апсолутна заблуда. Нашата коса не содржи живи клетки, на кои топлината на водата може да влијае. За да допринесете за поубав сјај на косата, изберете добар регенератор и заборавете на беспотребното премрзнување под тушот.

Заздравување на оштетена коса

Loading...

Колку одредени производи да ви ведуваат реконструкција на оштетената коса, тоа едноставно не е можно. Тие можат успешно да ја зајакнат и да го подобрат квалитетот на здравата коса, но оштетената не може да се поправи, единствен лек за неа е шишањето.

Зачестено миење на косата доведува до нејзино опаѓање

Опаѓањето на косата нема никаква врска со нејзиното зачестено миење, туку тоа е дерматолошки проблем. Зачестеното миење може да доведе до почесто масна коса, или до појава на првут. Идеална мерка за миењето, која не може да наштети е три пати неделно.

Доколку сакате здрава и бујна коса,заборавете на овие невтемелени митови и посветете се на адеквата нега на косата, чекор по чекор.

Leave a Reply