Сакала да си ги обои веѓите за малку пари, а на крајот направила катастрофа: „Помогнете ми, како да го тргнам ова? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сликањето или тетовирањето веѓи со постојана боја или гел не е секогаш добра идеја, особено ако не можете ни да замислите како ќе изгледа крајниот резултат, што една ТикТокерка  го сфатила на потешкиот начин откако нашла „одличен“ салон во родниот град засамо околу осум долари.

Loading...

Грејс Хејган на својот профил @greyzindacity се пожали дека ги бојадиса веѓите многу поевтино отколку што ја наплаќаат за таа работа во салон во Њујорк, каде што моментално живее. –

Изгледам како Црвена птица  од Angry Birds – рече таа во своето видео и објасни дека сликањето веѓи во Њујорк  чини дури 45 долари па не сакала да ја пропушти можноста да го направи тоа за шест пати помалку.

– Излегов од салонот, се качив во автомобилот и почнав да размислувам за мојот живот и за сите лоши одлуки што ги донесов, бидејќи зошто некој би сликал веѓи за 8 долари? – додаде таа и заклучи дека сега изгледа како да има два Nike знаци над очите, пренесува Mirror.

„Секој предлог како да го извадам ова би бил одличен, инаку ќе ја изгребам кожата од моето чело“, им рече таа на своите придружници.

– Пробајте нешто на база на масло или можеби паста за заби. Пастата за заби помага да се отстрани бојата од косата и кожата! – ѝ напишала една девојка, а други ја предупредиле да не користи сапун за садови, лак за нокти и слични луди ’помагала’, што на некои очигледно би им паднало на памет.

 

@greyzindacity

Catch me looking like Red from angry birds 🥰 #DealGuesser #eyebrowfail #eyebrowtint #beautyfail #storytime #fail #hotmess

♬ Oh No – Kreepa

Loading...