САЈБЕР НАПАД: Хакер продава кодови за беспилотно летало на Пентагон

Сподели со своите пријатели

Со хакирање во домашната мрежа на американски офицер, хакери успеале да дојдат до поверливи датотеки од Пентагон.

Американскиот сајт „Daily Beast“ наведува дека еден хакер минатиот месец успеал да стави на продажба детални упатства за производство на дронови на американското Министерство за одрбана (Пентагон), откако хакирал во домашна мрежа на официр од воздушните американски сили.

Иако хакерот понудил упатства за ракување со воениот дрон MQ-9 Reaper UAV з асамо 150 долари на аукција на хакерска мрежа, дарк веб, никој не бил заинтересиран, според зборовите на експертот Андреј Барисевиќ од компанијата „Снимена иднина“.

Севернокорејски хакери украле криптовалути вредни 530 милиони долари (ВИДЕО)

Loading...

– Ваков тип на документи обично ги крадат националните хакери. Не би го нуделе на дарк веб, а особено не за 150 долари, рекол тој.

Овој дрон, кој вреди 64 милиони долари го развила компанијата „General Atomics“.

Способен е да собори ласерски наведени бомби и ракети Hellfire на мета од 50.000 стапки.

Во невооружена верзија го користи Министерството за внатрешни работи за контрола на границите и други намени.

Daily Beast“ го пренесува Барисевиќ дека хакерот овие документи ги украл од мрежа на капетан на американските воздушни сили во база во Невада.

Како iPhone 8 поднесува гребење, палење и превиткување? (видео)

Барисевич додава дека кон почетокот на јуни забележал дека прираникот е на продажба на дарк веб форум.

Претставувајќи се како потенцијален купувач, започнал разговор со продавачот, за да се испостави дека тој е дел од мала хакерска екипа со седиште во Јужна Америка.

Оваа екипа на хакери знае како да ја искористи можноста на некои домашни рутери кои на корисникот му овозможуваат да пристапи однадвор и да ги преземе датотеките, видео записите или музиката која ја користите од дома.

ХАКЕРИТЕ ПОВТОРНО НАПАЃААТ: Внимавајте при симнување преводи за филмовите

Дополнителната опција „Personal FTP Server“ овозможува пристап до датотеку преку јавна интернет мрежа, така што корисникот може да преземе од работа или за време на патување.

Хакерот до документите дошол така што пронашол начин да пристапи до рутерот на генералот, низ претходно откриена ранливост, инфлитрација во компјутерот и од таму успеал да дојде до доверливите документи.

Leave a Reply