Саем на органска и традиционална храна и производи денеска во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во спортско рекреативниот центар – спортска сала во Куманово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на саемот на Органска и традиционална храна и производи „Органска трпеза “.

Loading...

Настанот е во организација на Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина „ЖИВОТ“ од Куманово, а  е поддржан од Програмата за зголемување на пазараната вработливост (ИМЕ) финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Паладиум Груп.

Пред присутните ќе се обрати министерот Димковски, градоначалникот Максим Димитриевски, како и амабасадорките на Србија и Швајцарија во земјава, Душанка Дивјак Томиќ и Сибил Сутер Техада.

Leave a Reply