САД воведува задолжително вакцинирање за работниците кои преминуваат граница

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за домашна безбедност (DHS) објави дека работниците кои ја минуваат границата ќе мора целосно да се вакцинираат против коронавирус.

Loading...

Одлуката ќе стапи на сила во сабота, пишува „Хина“.

Во октомври, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објавика дека ќе им дозволат на патниците од Канада и Мексико кои влегуваат во земјата преку копнените гранични премини повторно да влезат во САД на 8 ноември, но дека мора да бидат целосно вакцинирани.

Границата на САД со Канада и Мексико е затворена поради страв од ширење на коронавирусот веќе 20 месеци за секој што не патува поради обврска, а DHS во четвртокот објави дека ќе ја прошири одредбата за работниците кои не се државјани на САД или се постојани жители.

„Почнувајќи од сабота“, неамериканските граѓани кои влегуваат во САД преку копнени граници или терминали за траект долж северната и јужната граница ќе треба да бидат целосно вакцинирани против коронавирус и подготвени да приложат сертификат за вакцинација“, рече министерот Алехандро Мајоркас.

На 15 јануари Канада воведе декрет според кој возачите на камиони кои влегуваат во земјата од САД мора да се вакцинираат, пренесува „Хина“.