САД воведоа санкции за кинески и севернокорејски компании

Сподели со своите пријатели

САД денеска воведоа нови санкции на голем број севернокорејски компании за бродски транспорт, како и на некои трговски фирми од Кина, во највониот обид да го изолираат Пјонгпјанг поради развојот на нуклеарно оружје и да спречат да остваруваат приходи.

Таа одлука американското Министерство за финансии ја донесе откако САД ја ставија Северна Кореја на листата држави кои финансираат терористички активности.

ТРАМП: Северна Кореја на листата земји кои поддржуваат тероризам

Loading...

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин вели дека санкциите ги погаѓаат компаниите кои учествувале во трговија со Северна Кореја, вредна стотина милиони долари.

Меѓу фирмите кои добиваат санкции се четири кинески компании и еден државјанин на Кина, за кој се наведува дека има длабоки трговски врски со Пјонгпјанг.

Северна Кореја го „осуди“ Доналд Трамп на смртна казна

Санкциите се воведени врз основа на септемврискиот указ кој овозможи САД да казнуваат странски фирми кои соработуваат со Северна Кореја. На тие фирми им се забранува поседување имот во САД и бизнис зделки со Американци.