САД ставија вето на резолуцијата на ОН за Ерусалим

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави ставија вето во Советот за безбедност на Обединетите нации на резолуцијата со која се повикува на повлекување на одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерусалим да го признае за престолнина на Израел, додека преостанатите 14 членки на Советот гласале „за“ нацртот на резолуцијата.

Со овој потег САД повеќе се изолираат кога станува збор за одлуката на Трамп донесена претходно месецов, оценува Ројтерс.

Во тесктот на резолуцијата во кој Советот за безбедност на ООН вечерва гласаше, а кој го подготви Египет, се изразува длабока жал поради неодамнешните одлуки во врска со статусот на Ерусалим, иако не се споменуваат ниту САД ниту Трамп, наведува британската агенција.

Ви нацртот се истакнува дека било каква одлука или акција за измена на карактерот, статусот или демографскиот состав на Светиот град Ерусалим нема правен ефект, ништовна е и неважечка, па мора да се отфрли во рамките со релевантните резолуции на Советот за безбедноста.

Исто така во нацрт резолуцијата сите земји повикуваат да се воздржат од воспоставување дипломатски мисии во Ерусалим.

Дипломатите, при гласањето, рекле дека нацрт резолуцијата има широка поддршка помеѓу 15 членови на Советот за безбедност и дека, иако се мали шансите резолуцијата да биде усвоена, оваа гласање дополнително ќе го изолира Трамп кога станува збор за Ерусалим.

Непосредно при гласањето, Израел изрази уверување дека САД ќе вложат вето на резолуцијат на Советот за безбедност на ООН со која Трамп се повикува да ја повлече својата одлука за признавање на Ерусалим за престолнина на Израел.

Денон ги повика страните да седнат зад преговарачака маса, затоа што, како што истакна, тоа е единствениот пат напред.

– Не треба да доаѓаат во Советот за безбедноста, ниту во Генералното собрание, тоа е губење време. Единствен начин да се оствари исчекор се директни преговори, истакнал израелскиот амбасадор.

Трамп направи остар пресврт во однос на повеќедецениската политика на САД кога претходно овој месец го призна Ерусалим за престолнина на Израел, формирајќи гнев кај Палестинците.