САД: Ставале крема за сончање во очите за да го гледаат затемнувањето на Сонцето

Сподели со своите пријатели

За време на неодамнешното популарно затемнување на Сонцето, милиони Американци носеле заштитни очила за да ја набљудуваат оваа природна појава, но имало и такви кои мислеле дека може да се заштитат на поинаков начин – нанесувајќи крема за сончање во очите.

Здравствените работници од затемнување пријавуваат дека третирале луѓе кои им се јавувале поради иритација на очите откако ставале крема за сончање во нив.

Моите колеги третирале луѓе на клиниката затоа што ставале крема за сончање во очите – рекла една од медицинските сестри од престижната клиника „Рединг“ во Калифорнија, Триш Петерсон, пренесува „Индепендент“.

Пред затемнување, експертите апелираа оваа појава да се набљудува со заштитни очила кои ги одобри НАСА.

Очигледно не се сетиле дека ќе има и такви кои ќе се обидат со ставање крема во очите да го гледаат овој феномен, но можеби, подучени со оваа искуство ќе воведат и таква препорака за следното затемнување.