САД со нови мерки против легалната миграција

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп најави нови остри мерки за сузбивање на легалната имиграција во државата.

Loading...

Новите одредби опфаќаат ускратување на „зелените карти“ на имигранти кои користат здравствена помош, бонови за храна и сместување или друг вид државна помош, пренесува АП.

Според досегашните федерални закони, луѓето кои бараа дозвола за постојан престој требаше да докажат дека нема да бидат товар за општеството, но новите правила воведуваат поширок спектар на програмата чие користење ќе се проценува при утврдување на правниот статус.

Правилата стапуваат на сила во октомври.

„Њујорк тајмс“ наведува дека САД сакаат имигранти кои можат да се издржуваат, а не оние кои според одредбата зависта од јавни ресурси за задоволувањето на своите потреби.

Одредбите најмногу ќе влијаат на сиромашните имигранти кои живеат во САД легално и примаат државна помош и ќе ги натераат да бираат меѓу финансиската помош и легалниот престој во земјата.

Leave a Reply