САД на хакери им заплениле криптовалути вредни 2,3 милиони долари

Сподели со своите пријатели

Министерството за правда на САД заплени 2,3 милиони долари криптовалути од хакери, најголем дел од откупот што го платил Colonial Pipeline, сопственикот на најголемиот нафтовод во САД, по хакерскиот напад во мај.

Loading...

Истражителите пронашле и заплениле 63,7 биткоини, сега вредни 2,3 милиони долари, враќајќи поголем дел од откупот, рече заменик – јавниот обвинител Лиза Монако.

Тоа е откуп

Станува збор за откуп што „Colonial Pipeline“ го плати во мај на хакерите кои го нападнаа нивниот систем и го затворија нафтоводот, што доведе до огромен недостиг на бензин на источниот брег на САД.

 

Хакери го „урнаа“ најголемиот нафтовод во САД: Прекината работата, сите системи изгаснати!

 

Во истрагата, ФБИ добил приватен клуч за пристап до сметката на биткоин на која отишол најголемиот дел од платениот откуп, но не е јасно како ФБИ добил пристап до тој клуч.

Loading...

Судот во Сан Франциско одобрил заплена на средствата.

Хакерскиот напад го извршила сајбер криминалната група DarkSide со седиште во Русија, соопшти ФБИ.

„Colonial Pipeline“ им платил на хакерите приближно 5 милиони долари во крипто валута за да добијат пристап до својата мрежа по нападот, а во меѓувреме вредноста на биткоинот се намали на 34.000 долари во последните неколку недели.

Leave a Reply