САД: Конгресот ќе настојува да го ратификува членството на Финска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот Конгрес ќе се обиде да го ратификува барањето на Финска за влез во воената алијанса на НАТО пред почетокот на летната пауза во август, изјави денеска во Хелсинки, лидерот на републиканците во американскиот Сенат Мич Меконел, по средбата со финскиот претседател Саули Нинист.

Loading...

„Секако се надеваме дека ќе го постигнеме тоа пред август, кога Конгресот е на летен одмор“, изјави Меконел за новинарите, пренесува Ројтерс.

 

Русија го прекина снабдувањето со електрична енергија за Финска

 

Вчера претседателот Нинисто потврди дека Финска ќе поднесе барање за членство во НАТО, што се смета за историска промена на политичкиот курс предизвикан од руската инвазија на Украина.

Меконел потврди дека постои широка билатерална поддршка меѓу финските пратеници за финското членство во НАТО.

 

Loading...

„Војната во Украина може да го поттикне гладот во светот“

 

– Со оглед на бројот на гласови, тоа ќе биде многу важно. Не едногласно, туку многу значајно – рече американскиот сенатор.