САД и Велика Британија испратија предупредување до Путин!

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави и Велика Британија го повторија својот став во врска со најавата за припојување на четири украински региони кон Русија, нагласувајќи дека ова е украинска суверена територија и дека таквите потези никогаш нема да бидат признаени.

Loading...

Американскиот претседател Џо Бајден упати остро предупредување до рускиот претседател Владимир Путин, кој денеска се очекува да објави дека четирите окупирани украински региони – Луганск, Доњецк, Запорожје и Херсон – се приклучуваат на Русија.

Кремљ тврди дека четирите региони ја поддржале анексијата на петдневни референдуми – иако тие гласови надвор од Русија се нарекуваат измама.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина може да биде поразена до крајот на годината, предупреди ЦИА

„САД, сакам да бидам многу јасен во врска со ова, никогаш, никогаш, никогаш нема да ги признаат руските претензии за украинската суверена територија“, рече Бајден.

САД, исто така, ќе воведат нови санкции кон Русија како резултат на анексијата.

Британската премиерка Лиз Трас го обвини Путин за кршење на меѓународното право, велејќи дека нејзината земја „никогаш нема да ја игнорира суверената волја на тие луѓе и никогаш нема да ги прифатиме регионите Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје како ништо друго освен украинска територија“.

„Не може да му се дозволи на Путин да ги менува меѓународните граници со брутална сила. Ќе се погрижиме тој да ја изгуби оваа нелегална војна“, додаде Трус.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Се очекува Путин денеска во попладневните часови официјално да го објави припојувањето на украинските региони кон Русија.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.