САД и НАТО ја повикаа Турција што поскоро да го ратификува влезот на Шведска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави и НАТО ја поздравија најавата на турскиот претседател дека парламентот ќе започне процес за ратификација на кандидатурата на Финска за членство во Алијансата и ја повикаа Турција брзо да ја ратификува кандидатурата и на Шведска.

Loading...

„Шведска и Финска се силни, способни партнери кои ги споделуваат вредностите на НАТО и ќе ја зајакнат Алијансата и ќе придонесат за европската безбедност. САД веруваат дека двете земји треба да станат членки на НАТО што е можно поскоро“, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ја поздрави подготвеноста на Турција да го ратификува членството на Финска во Алијансата и се заложи за ратификација на кандидатурата на Шведска за членство „што е можно поскоро“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

„Најважно е Финска и Шведска брзо да станат полноправни членки на НАТО, а не да се приклучат точно во исто време“, рече тој во изјавата по најавата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесоа агенциите.

Во петокот, Ердоган даде зелено светло за влез на Финска во НАТО, велејќи дека парламентот ќе започне со ратификување на апликацијата за членство на Финска.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го следеше примерот и најави гласање на унгарскиот парламент за членството на Финска на 27 март.

„Сите сојузници се согласуваат Финска и Шведска да станат полноправни членки што е можно поскоро“, рече Столтенберг.

Продолжување на преговорите со Шведска

Шведска во петокот изрази жалење што не добила зелено светло од Турција да ја ратификува апликацијата за членство, за разлика од нејзиниот фински сосед, кој сега има широко отворен пат за приклучување кон алијансата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Ердоган рече дека Турција ќе ги продолжи разговорите со Шведска, уште еден кандидат за НАТО, за прашањата на тероризмот и дека нејзиниот пристап директно ќе зависи од преземените мерки.

„Тоа е развој што не го сакавме, но бевме подготвени“, рече шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром на прес-конференција.

„Важната работа за Шведска сега е да ги обезбеди двете ратификации што недостасуваат“ – турската и унгарската, рече тој.