САД го предупредиле Израел дека нападот на иранскиот нуклеарен програм е контрапродуктивен

Сподели со своите пријатели

САД го предупредиле Израел дека нападите врз иранската нуклеарна програма се контрапродуктивни, објави денеска Њујорк Тајмс.

Loading...

Повикувајќи се на извори во САД и Израел, весникот наведува дека на еврејската држава и било кажано дека нејзините акции и овозможиле на Исламската Република Иран да ги подобри своите капацитети за збогатување ураниум, поради што е само неколку недели од нуклеарната бомба.

Официјални лица изјавија за Њујорк тајмс дека Иран ја зголемил и подобрил безбедноста на своите нуклеарни постројки и дека нападите како оној во фабриката за збогатување ураниум во Натанц што му се припишуваат на Израел кога имаше прекин на електричната енергија таму на почетокот на ноември повеќе не се можни.

Овој месец во Виена ќе започнат преговорите со Иран за можното враќање на нуклеарниот договор од 2015 година.

Извори од Вашингтон изјавија за американскиот весник дека некои од администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден веруваат дека укинувањето на некои санкции наметнати врз Иран, во замена за забавување на напорите за создавање резерви на ураниум, ќе биде поефикасно за забавување на иранската нуклеарна програма отколку санкциите.

Израел се противи на враќањето на САД на тој договор со големите сили од кога претходникот на Бајден Доналд Трамп се повлече во 2018 година и вели дека не се откажува од опцијата да дејствува против нуклеарните амбиции на Техеран.