САД ги повикуваат Турција и Унгарија да го одобрат влезот на Шведска во НАТО

Сподели со своите пријатели

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин ги повика Турција и Унгарија да го ратификуваат пристапот на Шведска во НАТО „што е можно поскоро“ и пред следниот самит на Алијансата на почетокот на јули.

Loading...

„Брзаме наскоро да ја пречекаме Шведска како 32. членка. И да бидеме појасни: брзаме тоа да се случи пред самитот во јули“, рече тој за време на посетата на шведската поморска база Муске во близина на Стокхолм, пренесува Бета.

Американската војска ги зајакнува поморските и воздушните мисии во Шведска за да ја покаже својата длабока поддршка, изјави американскиот министер по заканите на рускиот амбасадор во Стокхолм на почетокот на април.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок под уште една истрага од американските власти

Шведска и Финска заедно аплицираа за членство во НАТО минатата година, по почетокот на руската инвазија на Украина, откажувајќи се од својот неутрален статус.

Зависи од изборите во Турција

Досега е примена само Финска, додека приемот на Шведска е пред се блокиран од Турција, но и од Унгарија.

Шведска и земјите од НАТО се надеваат дека пречките ќе бидат отстранети пред самитот на Алијансата во Вилнус, Литванија на почетокот на јули, но се чини дека тоа ќе биде тешко.

Аналитичарите сметаат дека многу ќе зависи од исходот на изборите во Турција на 14 мај, на кои претседателот Реџеп Таип Ердоган се кандидираше за нов мандат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Социјалната мрежа на Трамп излезе на берза: Вреди осум милијарди долари

Турција ја обвинува Шведска дека засолнила курдски „терористи“, како што ги нарекува, или непријателски настроени кон Анкара, и бара екстрадиција на десетици луѓе во Турција.

Loading...