САД: Два воени хеликоптери се урнаа над Кентаки

Сподели со своите пријатели

Два американски воени хеликоптери Блек Хок се урнаа синоќа за време на обука над Кентаки, соопшти војската.

Loading...

Статусот на членовите на екипажот во моментов не е познат, изјави рано утрово портпаролката на американските вооружени сили Нондис Турман, без да го прецизира бројот на членовите на екипажот на хеликоптерот.

Гувернерот на Кентаки: Може да се очекуваат жртви

Гувернерот на Кентаки Енди Бешеар на Твитер објави дека се очекуваат жртви и дека Федералната полиција на Кентаки и Одделот за управување со вонредни состојби испратиле луѓе на терен.

Причината за падот на двата хеликоптери во 1 часот по полноќ по средноевропско време се истражува. Хеликоптерите слетале во областа Триг Каунти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американски ракети пристигнуваат на Косово

Портпаролката на армијата рече дека фокусот на командата сега е на грижата за екипажот и нивните семејства.