Руското моќно оружје „Бајкал“ ќе биде вградено во авиони и бродови (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Борбедниот модул со калибар 57мм АУ-220М („Бајкал“) во иднина би можел да биде интегриран на секоја платформа вклучително и на авиони и бродови, рекол за Спутник Георгиј Закамени, генерален директор на компанијата „Буревестник“ која е конструктор на оваа оружје.

Loading...

АУ-220М ќе биде претставен во рамките на изложбата на руската компанијата „Уралвагонзавод“ на претстојниот саем за вооружување „ИДЕКС 2019“ во Абу Даби. Пред четири години на саемот на оружје во Обединетите Арапски Емирати е потпишан меморандум за испорака на рускиот борбен модул на база на сашијата „Енигма“ за емиратско производство.

– Во овој момент руската компанијата „Буревестник“ направи научно – техничка скица врз основа на која копнените сили, воздушно – десетните сили, воздушно – вселенските сили и воената морнарица би можеле да добијат борбен систем со калибар 57мм, кој би бил инсталиран на копнените шасии за различни намени, летала и бродови, рекол Закамени.

Соговорникот на агенцијата објаснил дека тоа оружје возоможува да се зголеми борбениот потенцијал на моторизираните единици и да се прошири воено-техничката соработка на Русија со останатите земји.

Според експертите АУ-220М е беспилотен борбен модел на далечинско управување, а во светот не постојат околопни транспортери и пешадиски возила кои можат да го издржат неговиот напад.

https://youtu.be/UI7u25SgiQE

Leave a Reply